Customs
Закони и подзаконски акти | |
Увозот за облагородување во Република Македонија се применува согласно Царинскиот закон (чл. 99-104, 150-157), Службен весник на РМ 39/05; 04/08, 158/10 и 44/11, 53/11 и 11/12, Уредбата за спроведување на царинскиот закон (чл. 311-333, 345-342) и Законот за ДДВ (чл.27). Царинската управа на Република Македонија има воспоставено електронски систем за издавање на одобренија на увоз за облагородување. | |
Предмет | |
Увозот за облагородување е постапка за ослободување од плаќање на увозни давачки и ДДВ за репроматеријали, материјали и помошни материјали увезени за облагородување во Република Македонија. По извршеното облагородување, добиените производи се извезуваат/повторно извезуваат. Постапката може да се употреби за сите видови стока. Истата се одобрува доколку со неа се создаваат најповолни услови за извоз/повторен извоз на добиените производи. | |
Постапка | |
Облагородувањето може да вклучува активности на обработка, менување и финализирање, а увезените стоки може да бидат употребени и како помошни средства за производство, со исклучок на горива, мазива, опрема и алат. По добивањето одобрение за увоз за облагородување, на стоките се применува царинската постапка како и при редовниот увоз на стоки. Покрај царинската декларација, задолжително се поднесуваат: фактура врз основа на која се декларира царинската вредност на стоката, декларација за царинска вредноста на стоката, фотокопија од одобрението за спроведување на постапката за увоз за облагородување, други пропратни документи (дозволи и сл.) и гаранција за обезбедување на царинскиот долг (при примената на системот за одложено плаќање). Покрај редовната царинска постапка, во определени случаи се применуваат посебни постапки, детално објаснети во Уредбата за увоз за облагородување. | |
Одобрение | |
Дозвола за увоз за облагородување на стока издава Царинската управа на Република Македонија на писмено барање на правно или физичко лице кое ја врши постапката или се јавува во улога на организатор на постапката. Лицето мора да биде со седиште/живеалиште во Република Македонија. Услов за давање на дозвола на привремен увоз е крајните производи добиени со облагородување на увезената стока да бидат наменети за извоз/повторен извоз. Во барањето задолжително се наведува кој систем на плаќање на давачките се бара да се применува. Царинската управа на Република Македонија е должна да одговори на барањето во рок од 20 дена по доставувањето на целосната документација. | |
Период за извоз/повторен извоз на облагородените стоки | |
Рокот на важење на одобрението за увоз заради облагородување е најмногу 36 месеци, а за определени стоки се пропишани пократки рокови. Откако ќе започне, постапката на облагородување на стоката треба да се заврши во период не подолг од 12 месеци. Согласно природата на стоката, за завршување на процесот на облагородување на определени стоки се пропишани пократки рокови. Во Уредбата за увоз за облагородување, детално се опишани стоките кои подлежат на пократки рокови за облагородување. | |
Системи/методи за пресметување на увозните давачки | |
При увозот со намера за облагородување, се применуваат два методи во однос на увозните давачки и ДДВ: систем на одложено плаќање и систем на враќање на средствата. Системот на одложено плаќање на увозните давачки и ДДВ подразбира дека истите се пресметуваат, меѓутоа не се плаќаат додека не заврши постапката на облагодорување. Стоките на кои се применува системот на одложено плаќање на смеат да бидат пуштени во слободен промет во Република Македонија. ВоУредбата за увоз за облагородување, детално се опишани двата | |
Документи | |
Царински закон на Република Македонија (Сл. весник 39/05) >Измени и дополнувања на Царинскиот закон (Сл. весник 04/08) Измени и дополнувањa на царинскиот закон (Сл. весник 158/10) Измени и дополнувањa на царинскиот закон (Сл. весник 44/11) Измени и дополнувањa на царинскиот закон (Сл. Весник 53/11) Измени и дополнувањa на царинскиот закон (Сл. Весник 11/12)Закон за ДДВ на Република Македонија | |
Контакт | |
МИНИСТЕРСТВО ЗА ФИНАНСИИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА – ЦАРИНСКА УПРАВА Лазар Личеноски 13 1000 Скопје Македонија тел.: +389 23 116 188 факс: +389 23 237 832 e-mail: info@customs.gov.mk web: www.carina.mk |