Sanitary and Phytosanitary & Veterinary regulation

In this part of the CEFTA Web Portal you will find the most important sanitary, phytosanitary and veterinary control procedures to be followed for each CEFTA Economy. The information about the control procedures includes but is not limited to: 1.The location of sanitary, phytosanitary and/or veterinary control offices including working hours in each office; 2.A description of sanitary, phytosanitary and/or veterinary procedures; 3.The documents asked by the respective authorities in order to obtain approval for entering, transiting or exiting the territory of the respective CEFTA Economy; 4.The officially approved documents issued by the respective authorities; 5.A description of the official procedures for sampling. In cases where the final destination of goods is one of the CEFTA Economies included in this web portal, please refer to the sanitary, phytosanitary and/or veterinary import procedures of that Economy. In case your goods exit the territory of one of the CEFTA Economies included in this web portal, please refer to the sanitary, phytosanitary and/or veterinary export procedures relevant to that Economy.




Закони и подзаконски акти

Во македонската регулатива пропишува воспоставување и примена на соодветни и сигурни постапки за барањата за општа безбедност на производите, начинот на пропишувањето техничките прописи и принципите на меѓусебното признавање на документите и знаците за сообразност од странско потекло.

Основната легислатива ги вклучува Законот за безбедност на производите (Службен весник на Република Македонија 33/06 и 63/07), Законот за метрологија (Службен весник на РМ 55/02; и120/09), Законот за контрола на предметите од скапоцени метали (Службен весник на РМ 23/95; и 22/07) и Законот за акредитација (Службен весник на РМ 120/09).

Технички прописи

Регулативата пропишува некои барања за определени производи, кои може да се однесуваат на следното:
1) Минимални суштествени барања што треба да ги исполнуваат производите;
2) постапката, начинот и условите под кои се врши оцена на сообразноста на производите според пропишаните барања;
3) условите кои треба да ги исполнуваат телата што учествуваат во постапката за оцена на сообразноста;
4) видот на документите кои го следат производот кога тој се пушта на пазар или се става во употреба;
5) обврска и начин за обележување на производот;
6) упатување на употреба на стандарди и други технички спецификации;
7) форма и содржина на техничка документација, како и начинот и времетраењето на нејзиното чување и
8) заштитна клаузула и постапка за известување.

Во прилог се техничките барања за следните групи на призводи:

Детски играчки
Едноставни садови под притисок
- Опрема под притисок
Пренослива опрема под притисок
Електромагнетна компатибилност  
Безбедност на машини
- Електротехничка опрема
Користење на лифтови и транспортери  
Користење на опрема под притисок  
- Суштински барања за градежни објекти
Утврдување на сообразност на градежни производи

Опис на процедурата

Техничките прописи ги донесува министерот за економија, односно министерот во чија надлежност утврдена со закон се работите поврзани со производството, пазарот и ставањето во употреба на соодветните производи или групи на производи. Кога се врши увоз на определен производ кој подлежи на овие прописи, извозникот мора да докаже дека производот ги исполнува пропишаните технички стандарди.

Оцена на сообразноста со техничките прописи може да вршат овластени правни лица. Овластувањето го издава Министерот за економија, врз основа на критериуми за акредитација пропишани во Законот за акредитација. Tелата за оцена на сообразноста се овластени да издаваат сертификати за сообразност врз основа на поднесено писмено барање од заинтересираните правни и физички лица.

Во Република Македонија важат документи и знаци за сообразност од странско потекло кои се издадени во согласност со меѓународни договори кои ги склучила и ратификувала, односно на кои им пристапила Република Македонија.

Тела за мониторинг и контрола

Мониторинг и контрола над спроведувањето на одредбите од Законот за безбедност на производите вршат Државниот пазарен инспекторат, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, како и други надлежни инспекциски органи.
Мониторинг и контрола на акредитираните тела за оцена на сообразноста врши Институтот за акредитација на Република Македонија (ИАРМ). ИАРМ (www.iarm.gov.mk) е надлежен за начинот и постапката на акредитацијата при утврдување на компетентноста на телата за оцена на сообразност, како и за надзорот над исполнување на барањата за акредитација.

Бирото за метрологија (www.bom.gov.mk) е орган во состав на Министерството за економија кое е надлежно за имплементирање на Законот за метрологијата и Законот за контрола на предмети од скапоцени метали. Бирото за метрологија е надлежно за контрола на исполнување на метролошките стандарди од страна на возилата и другите стоки, како и за издавање на дозволи за увоз/извоз на овие стоки.

Документи

Закон за безбедност на производите
Закон за метрологија
Закон за контрола на предметите од скапоцени метали
Закон за акредитација
Правилник за детски играчки
Правилник заедноставни садови под притисок
Правилник за опрема под притисок
Правилник запренослива опрема под притисок
Правилник заелектромагнетна компатибилност
Правилник за безбедност на машини
Правилник за користење на лифтови и транспортери
Правилник за користење на опрема под притисок
Правилник за утврдување на сообразност на градежни производи

Контакт

Контакт информации за горенаведените институции се достапни на Линкови.