Sanitary and Phytosanitary & Veterinary regulation

In this part of the CEFTA Web Portal you will find the most important sanitary, phytosanitary and veterinary control procedures to be followed for each CEFTA Economy. The information about the control procedures includes but is not limited to: 1.The location of sanitary, phytosanitary and/or veterinary control offices including working hours in each office; 2.A description of sanitary, phytosanitary and/or veterinary procedures; 3.The documents asked by the respective authorities in order to obtain approval for entering, transiting or exiting the territory of the respective CEFTA Economy; 4.The officially approved documents issued by the respective authorities; 5.A description of the official procedures for sampling. In cases where the final destination of goods is one of the CEFTA Economies included in this web portal, please refer to the sanitary, phytosanitary and/or veterinary import procedures of that Economy. In case your goods exit the territory of one of the CEFTA Economies included in this web portal, please refer to the sanitary, phytosanitary and/or veterinary export procedures relevant to that Economy.




Што е предмет на фитосанитарната инспекција

Увозот на определени видови на растенија, растителни производи и други предмети, земјоделски семенски материјал, шумски семенски материјал и средства за заштита на растенијата е предмет на фитосанитарната инспекција во Република Македонија.

Закони и подзаконски акти

Главните закони поврзани со фитосанитарната инспекција се Законот за здравјето на растенијата (Службен весник на РМ 29/0581/08 и ), Законот за производи за заштита на растенијата (Службен весник на РМ 110/07 и 20/09) и Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија (Службен весник на РМ 39/06).

Каде се врши фитосанитарната инспекција

Согласно фитосанитарните мерки, увозот на земјоделски и шумски растенија и производи може да се врши само преку посебно назначени гранични премини за такви активности. Прво увозникот поднесува барање за инспекциски надзор, а потоа се земаат мостри за утврдување на евентуално присуство на карантински штетници. Увезените растенија или растителни производи кои содржат карантински штетници се враќаат или уништуваат во договор со увозникот. Сертифицираните семиња и садни материјали се подложуваат на фитосанитарни испитувања во текот на периодот на вегетација, кои ги вршат институции овластени од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и од лаботатории во кои се изведувани тестирањата. Република Македонија не бара дополнителни сертификати или санитарни регистрации за производи за кои е потврдено од страна на признати странски меѓународни тела дека се безбедни. Надлежни институции за фитосанитарната политика се: Фитосанитарната управа, Управата за семе и саден материјал и Државната фитосанитарна лабораторија во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (www.mzsv.gov.mk).

Увоз

Увоз на растенија, растителни производи и предмети

Увоз на растенија, растителни производи и други објекти и предмети согласно Законот за здравјето на растенијата, може да вршат само субјекти што имаат одобрение за таа дејност и се запишани во регистерот на фитосанитарната управа. Пратките мораат да имаат оригинален фитосанитарен сертификат издаден од земјата на потекло, освен кога посебните фитосанитарни услови за одделни видови пратки, кои ги пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, можат да бидат исполнети и во земја која не е земја на потекло. Пратките кои по издавањето на фитосанитарен сертификат во земјата на потекло биле испратени, складирани, препакувани или поделени во друга земја која не е земја на потекло покрај оригиналниот сертификат или заверена копија на истиот мораат да имаат и фитосанитарен сертификат за реекспорт издаден во втората земја. Доколку таквите пратки претходно биле последователно увезувани во неколку различни земји и биле издадени повеќе од еден фитосанитарен сертификат за реекспорт, покрај оригиналниот фитосанитарен сертификат или негова заверена копија тие мораат да ги поседуваат и сите претходни фитосанитарни сертификати или нивни заверени копии.

Фитосанитарната управа е надлежна за издавање на фитосанитарни сертификати при увоз и извоз на растенија, растителни производи и други објекти и предмети, како и производи за заштита на растенијата.


Увоз на семенски и саден материјал

Согласно Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенијата, увоз на семенски и саден материјал може да го вршат само субјекти што имаат одобрение за таа дејност и се запишани во регистерот на увозници на одреден вид  на семе и саден материјал при Управата за семе и саден материјал. Може да се увезува само семенски или саден материјал од  видови  на сорти на земјоделски растенија кои се запишани во националната сортна листа. Увозот се врши исклучиво преку овластени застапници во Република Македонија за соодветниот вид на семенски и саден материјал. При увоз на семенски и саден материјал, увозникот е должен секоја пратка да ја пријави на  фитосанитарниот инспектор за инспекциски преглед. Со фитосанитарниот преглед се утврдува семенскиот или садниот материјал припаѓа на сорта запишана во националната сортна листа и дали ги исполнува другите услови пропишани со закон. Во исклучителни случаи, фитосанитарниот инспектор може да издаде решение за увоз на семенски и саден материјал од видови на сорти на земјоделски растенија кои не се сертифицирани и запишани во националната сортна листа, ако Управата за семе и саден материјал пред увозот за тој материјал даде посебна увозна дозвола. Дозволата се издава на барање на увозникот и може да се однесува на семенски или саден материјал од видови на земјоделски растенија кој бил произведен под официјален надзор во земјата на потекло, материјал кој се увезува заради размножување во Република Македонија со намера да биде целосно извезен после постапката, како и за материјал кој припаѓа на сорта која е во постапка на испитување за запишување во националната сортна листа.

Управата за семе и саден материјал  е надлежна за контрола и мониторинг на производството, подготовката за трговија, етикетирањето, трговијата, увозот и извозот на семенски материјал, саден материјал за земјоделски растенија и мицелиум за габи за исхрана, како и за  сертифицирање на семенски и саден материјал.

Извоз

Извоз на растенија, растителни производи и предмети

При извоз на растенија, растителни производи и други објекти и предмети од Република Македонија, се почитуваат правилата на земјата во која се извезува дали е потребен фитосанитарен сертификат. Доколку е потребен, на барање на извозникот, фитосанитарниот инспектор врши фитосанитарна инспекција на пратката пред да издаде фитосанитарен сертификат за да се гарантира дека се исполнети пропишаните фитосанитарни услови на земјата во која се извезува пратката. Доколку земјата во која се извезува пратката, која не потекнува од Република Македонија, но била складирана, препакувана или поделена во Република Македонија, бара фитосанитарен сертификат, фитосанитарниот инспектор врши фитосанитарна инспекција на пратката пред да издаде фитосанитарен сертификат за реекспорт за да се гарантира дека се исполнети пропишаните фитосанитарни услови на земјата увозник. Со издавањето фитосанитарен сертификат од страна на фитосанитарниот инспектор се потврдува дека се исполнети условите. Формата и содржината на фитосанитарниот сертификат е според пропишаните обрасци од Меѓународната конвенција за заштита на растенијата (IPPC).

Извозниците треба да поднесат барање за издавање фитосанитарен сертификат кај фитосанитарниот инспектор во временски рок од 24 часа пред планираниот извоз. Барањето за издавање фитосанитарен сертификат задолжително содржи: податоци за подносителот на барањето, назив на правното лице, односно име и презиме на физичкото лице и регистрирано седиште или адреса и податоци за пратката. Извозниците се должни да ги спроведат мерките кои ги наложил фитосанитарниот инспектор во текот на фитосанитарната инспекција на пратката наменета за извоз.

Транзит

Фитосанитарната инспекција не е задолжителна во случај на пратки во транзит. Пратката мора да биде пакувана на начин кој обезбедува непостоење на ризик од ширење на штетни организми и истата не смее да се разделува, комбинира со други пратки или да се препакува на царинското подрачје во Република Македонија. Доколку некоја пратка не е соодветно пакувана, или е извршен претовар на истата, фитосанитарната инспекција е задолжителна.

Документи

Закон за здравјето на растенијата (Службен весник 29/05)
Измени и дополнувања на Законот за здравјето на растенијата (Сл. весник 81/08)
Измени и дополнувања на Законот за здравјето на растенијата (Сл. весник 20/09)
Закон за производи за заштита на растенијата (Сл. весник 110/07)
Измени и дополнувања на законот за производи за заштина на растенијата (Сл. весник 20/09)
Закон за семенски и саден материјал за земјоделски растенија

Контакт

ФИТОСАНИТАРНА УПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
тел.: +389 2 3112205
        +389 2 3112210
факс: +389 2 3112241