BCC/CCP police control
Закони и подзаконски акти | |
Престојот на странците во Република Македонија е регулиран со Законот за странци, Службен весник на РМ 35/06; 66/07 ; 117/08 и 92/09 и, Закон за вработување и работа на странци (Службен весник 70/07;05/09 и 35/10. Странец кој има намера да влезе, престојува или помине низ територијата на Република Македонија е обврзан да покаже валидни документи на граничната контрола, вклучително и виза доколку истата е потребна. Само врз основа на виза, странец не може да биде вработен на територијата на Република Македонија. | |
Визен режим | |
Листата на земји и важечките визни режими се наведени во документот Визен режим на Република Македонија. Исто така, веб сајтот на Министерството за надворешни работи на Република Македонија нуди детални информации од оваа област. Странец од некоја од овие земји кој има намера да остане подолго од 90 (деведесет) дена во земјата, потребно е да аплицира за дозвола за привремен престој. Жителите на земјите членки на ЕУ, Шенген државите и Србија може да влезат и престојуваат три месеци во период од шест месеци со важечка лична карта. Македонија и другите членки на ЦЕФТА 2006, со исклучок на Молдавија, меѓусебно применуваат безвизен режим. | |
Видови визи | |
Постојат четири видови на визи за влез во Република Македонија: | |
Документи | |
Закон за странци на Република Македонија Закон за вработување и работа на странци Закон за вработување и работа на странци – измени 1 Закон за вработување и работа на странци – измени 2 Визен режим на Република Македонија
| |
Контакт | |
Министерство за надворешни работи на Република Македонија Даме Груев 6 1000 Скопје тел: +389 23 115 266 факс: +389 23 115 790 e-mail:vizencentar@mfa.gov.mk web: www.mfa.gov.mk |