Trade regime

In this part of Cefta Web Portal, you may find the trade regime system, in each Cefta Economy. Trade Regime includes: 1.A general trade status of each Economy, focused on the main trade agreements agreed by each Economy; 2.A short list of prohibited goods on import and export; 3.A general description of customs duties and other import taxes rates; 4.A List of quotas on import and export for each Economy. If you want to know more about each Economy trade regime systems please refer to the trade regime part of that Economy.




Статус во СТО и членство во други трговски организации

Република Македонија е членка на Светската трговска организација од април 2003 година. Во текот на процесот на зачленување и после тоа, Македонија помина низ процес на хармонизација на законодавството со меѓународните правила и правилата на СТО.

Република Македонија има потпишано договори за слободна трговија (ДСТ) со ЕУ, ЕФТА, Турција и Украина. Исто така, потписничка е на ЦЕФТА 2006.

Закони и подзаконски акти

Институции

Главните институции за координација и имплементација на трговската политика на Република Македонија се:

Министерството за економија со надлежност за формулирање и координација на трговската политика

Царинската управа при Министерството за финансии со надлежност за имплементацијата на царинскиот закон и царинската политика

Агенцијата за странски директни инвестиции и промоција на извозот со надлежност за координација и имплементација на промоцијата на извозот на компаниите.

Извоз

Извозот на стоки од Република Македонија е вообичаено либерален и без ограничувања. Сепак, извозот на определени стоки е забранет со цел да се обезбеди заштита на:

- Националната безбедност и јавниот морал;
- Здравјето на луѓето, флората, фауната, загрозените видови и животната средина;
- Националното богатство со уметничка, историска и археолошка вредност;
- Интелектуaлната сопственост.

Покрај тоа, за извоз на определени производи, неопходно е да се обезбедат дозволи и одобренија за извоз од надлежните органи (Министерство за економија, министерство за животна средина, министертво за култура, итн.). Стоките забранети за извоз и стоките за кои што се потребни дозволи за извоз се детално наведени во Одлуката за распоредување на стоки на форми за увоз и извоз. Повеќе информации за институциите надлежни за издавање на дозволи може да се најдат во делот Дозволи.

Во Република Македонија постои едношалтерски систем за дозволи за увоз, извоз и транзит на стоки и тарифни квоти – EXIM. EXIM e електронски систем кој поврзува 16 институции кои имаат надлежности во областа на надворешно-трговското работење. (www.exim.gov.mk/EILWeb/). Дозволите што се издаваат преку EXIM се наведени во Листата на дозволи за 2012 година.

Во определени случаи, извозниците се соочуваат со т.н. количински квоти (главно за земјоделските производи. EXIM овозможува преглед на расположивите царински квоти во согласност со договорите за слободна трговија.

Увоз

Увозот на стоки во Република Македонија е предмет на плаќање на увозни давачки и данок на додадена вредност од 18% (редовна стапка) или 5% (повластена стапка за определени производи). Царинските стапки за производите се наведени во Водичот за царинење на стоките.  

Покрај данокот на додадена вредност, определени производи се предмет на посебни давачки преку акцизи и посебни даноци. Акцизните стоки вклучуваат: алкохол и алкохолни пијалоци, тутун, производи од енергетиката и електрична енергија, автомобили, итн.  
Увозот на стоки од членките на договорите за слободна трговија (ЕУ, ЕФТА, ЦЕФТА 2006, Турција и Украина) е главно слободен и без органичувања, освен за земјоделските производи кои вообичаено се предмет на посебен договор.

Генерално, Република Македонија применува либерален увозен режим за стоките. Сепак, увозот на определени стоки е забранет со цел да се обезбеди заштита на:
- Националната безбедност и јавниот морал;
- Здравјето на луѓето, флората, фауната, загрозените видови и животната средина;
- Националното богатство со уметничка, историска и археолошка вредност;
- Интелектуaлната сопственост.

Покрај тоа, за увоз на определени производи, неопходно е да се обезбедат дозволи и одобренија за извоз од надлежните органи (Министерство за економија, министерство за животна средина, министертво за култура, итн.). Стоките забранети за увоз и стоките за кои што се потребни дозволи за увоз се детално наведени во Одлуката за распоредување на стоки на форми за увоз и извоз. Повеќе информации за институциите надлежни за издавање на дозволи може да се најдат во делот Дозволи.

Во Република Македонија постои едношалтерски систем за дозволи за увоз, извоз и транзит на стоки и тарифни квоти – EXIM. EXIM e електронски систем кој поврзува 16 институции кои имаат надлежности во областа на надворешно-трговското работење. (www.exim.gov.mk/EILWeb/). Дозволите што се издаваат преку EXIM се наведени во Листата на дозволи за 2012 година.

Во определени случаи, увозниците се соочуваат со т.н. количински квоти (главно за земјоделските производи. EXIM овозможува преглед на расположивите царински квоти во согласност со договорите за слободна трговија.

Документи

Царински закон на Република Македонија (Сл. весник 39/05)
Измени и дополнувања на Царинскиот закон (Сл. весник 04/08)
Измени и дополнувањa на царинскиот закон (Сл. весник 158/10)
Измени и дополнувањa на царинскиот закон (Сл. весник 44/11)
Измени и дополнувањa на царинскиот закон (Сл. Весник 53/11)
Измени и дополнувањa на царинскиот закон (Сл. Весник 11/12)

Уредба за спроведување на царинскиот закон
Водичот за царинење на стоките 2012
Одлука за распоредување на стоките на форми на увоз и извоз
Листа на дозволи EXIM

Контакт

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕКОНОМИЈА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Јуриј Гагарин 15
1000 Скопје
Македонија
Тел.: +389 23 093 408
факс: +389 23 084 472
e-mail: contact@economy.gov.mk
web: www.economy.gov.mk


МИНИСТЕРСТВО ЗА ФИНАНСИИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
– ЦАРИНСКА УПРАВА
Лазар Личеноски 13
1000 Скопје
Македонија
тел.: +389 23 116 188
факс: +389 23 237 832
e-mail: info@customs.gov.mk
web: www.carina.mk


АГЕНЦИЈА ЗА СТРАНСКИ ДИРЕКТНИ ИНВЕСТИЦИИ И ПРОМОЦИЈА НА ИЗВОЗОТ
Никола Вапцаров 7
1000 Скопје
Македонија
тел.: +389 23 100 111
факс: +389 23 122 098
e-mail: fdi@investinmacedonia.com
web: www.investinmacedonia.com