Customs

In this part of the CEFTA Web Portal you will find the most important customs import/export procedures separately for each CEFTA Economy. Procedures include but are not limited to: 1.The location of customs clearance offices; 2.The working hours in each office; 3.The procedures to follow based on the destination of your goods; 4.The documents to present to customs authorities for obtaining approval for the relevant destination; 5.The officially approved documents given to you by customs authorities in each case; 6.The procedures followed by customs authorities for calculating the customs value of your goods; 7.The definition of rules of origins determining customs preferential or non preferential tariffs; 8.The Free Trade Agreements signed by each CEFTA Economy with the other signatories. In cases where the final destination of goods is one of the CEFTA Economies, please refer to the import procedures section of this Economy on this portal. In cases where goods transit through different countries before arriving to their final destination, please refer to the transit procedures of these countries. If goods exit one of the CEFTA Economies included in this site, please refer to the export procedures for the relevant Economy.




Дефинирање на потеклото

Потеклото на стоката во Република Македонија е регулирано со Царинскиот закон (чл.21-26)Службен весник на РМ 39/0504/08158/10 и 44/1153/11 и 11/12Уредбата за спроведување на царинскиот закон (чл. 11-60).

Стока со потекло од една земја е онаа стока која е целосно добиена или произведена во таа земја.

Стока чие производство се врши во повеќе од една земја, се смета дека потекнува од земјата каде што била подложена на нејзината последна, суштинска, економски оправдана преработка или обработка во објект опремен за таа намена која доведува до изработка на нов производ или претставува значајна фаза во таа изработка.

Согласно Царинскиот закон, се разликуваат два типа на потекло на стоките: преференцијално и непреференцијално потекло.

Преференцијалното потекло се користи за трговија со стоки кои потекнуваат од земји со кои Република Македонија има преференцијален трговски режим (ЕУ, ЕФТА, ЦЕФТА, Украина и Турција). Преференцијалното потекло обезбедува повластен третман при трговијата со стоки, согласно правилата пропипани во договорто за слободна трговија.

Непреференцијалното потекло повлекува примена на царински и други давачки без преференцијали за увозникот/извозникот.

Доказ за потекло

Кога потеклото на производот се докажува или треба да биде докажано при увозот со приложување на уверение за потекло, треба да бидат исполнети следниве услови:

a) уверението треба да е издадено од надлежен орган овластен за таа цел од земјата на издавање
b) верението треба да ги содржи сите податоци неопходни за идентификација на стоката на која се однесува, а особено:

• број на колети, вид на стоката, ознаките и броевите кои ги носи,
• вид на производот,
• бруто и нето маса на производот или други соодветни податоци (зафатнина на стоката, итн.)

c) име/назив на испраќачот,
d) уверението недвосмислено потврдува дека производот на кој се однесува е со потекло од одредена земја.

Кога се извезуваат стоки со преференцијално потекло од Република Македонија, неопходно е да се обезбеди уверение за потекло ФОРМ А, со кое се докажува македонско потекло на стоката за примена на преференцијални тарифни мерки врз основа на Општиот систем на преференцијали. Уверението за потекло го издава Стопанската комора на Република Македонија (www.mchamber.org.mk). Комората има пропишано процедури за издавање на уверенијата за потекло.

Документи

a target="_blank" href="/safenet-cefta/web/bundles/appapp/documents/TradePortal/Macedonia/MK-LCL-M1-3-1-D-A2-V1-0511.pdf">Измени и дополнувањa на царинскиот закон (Сл. весник 158/10)
Измени и дополнувањa на царинскиот закон (Сл. весник 44/11)
Измени и дополнувањa на царинскиот закон (Сл. Весник 53/11)
Измени и дополнувањa на царинскиот закон (Сл. Весник 11/12)Уредба за спроведување на царинскиот закон
Процедури за издавање на уверенијата за потекло

Контакт

СТОПАНСКА КОМОРА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Димитрие Чуповски 13
1000 Скопје
Тел: +389 23 244000
Факс: +389 23 2440088
e-mail: ic@mchamber.mk
web: www.mchamber.mk