By the import procedure, the customs authority authorizes the release of foreign goods in free circulation in the Republic of Macedonia. The import includes completion of formalities for import and entry, application of trade policy measures and payment of import duties and other levies, in accordance with the regulations. The import may be carried out by the importer or by its representative, with a relevant authorization granted by the importer. Import of goods is implemented in accordance with the Customs Code (Official Gazette 39/05; 04/08, 158/10 and 44/11) and the Regulation on Customs Code Implementation. |
При извоз на стока од Република Македонија, потребно е да се приложат следните документи: 1. Царинска декларација Царинската декларација претставува основен документ кој се приложува при извоз на стоки. Кога со една царинска декларација е опфатена стока која се распоредува во две или повеќе тарифни ознаки од царинската тарифа, податоците за секоја поединечна тарифна ознака се сметаат за посебна декларација. Службен образец на царинската декларација претставува единствениот царински документ – ЕЦД. Неговата форма е пропишана со Уредбата за примена на царинскиот закон (Сл. весник на РМ 66/05). ЕЦД е наменет за спроведување на царинската постапка при увоз и извоз. Со Правилникот за пополнување на ЕЦД (Сл. весник на РМ 97/05); 147/08; и Одлука за изменување и дополнување на Правилникот 11-13822/1 од 2009 се определени листовите од ЕЦД кои се користат при извоз и детално е пропишан начинот на пополнување. ЕЦД се поднесува во писмена или во електронска форма до надлежниот царински орган. 2. Фактура за продажба Куповната фактура е документ со кој се докажува продавањето на стоката од странство. Фактурата ја издава непосредниот продавач од земјата или агент кој посредувал при купопродажбата. Во случај на купопродажба преку агент, потребно е во фактурата јасно да се назначи продажната цена на стоката и провизијата на агентот или да се достават две фактури: фактурата на продавачот како потврда за цената и фактурата на агентот за провизијата. Царинската управа на Македонија признава само оригинални фактури – профактури и копии од документите не се признаваат. Нема пропишано стандарден формат на фактурата, меѓутоа истата треба задолжително да ги содржи следните елементи: наслов "фактура", број и датум, посочување на поврзани документи (број на договор, профактура, испратници, итн), име и адреса на продавачот, име на примачот (во случај да не е декларантот), опис на стоката (според тарифно распоредување, комерцијално/трговско име и/или техничка шифра и име), единечна цена и вкупна цена, одобрени попусти и релевантни износи, паритети (услови на испорака), единица мерка на стоката, бруто и нето тежина, држава на потекло, потпис и печат на продавачот кој ја издал фактурата. Покрај овие, фактурата може да содржи и други елементи кои подетално ги објаснуваат квантитативните и квалититивните карактеристики на стоката. За веродостојноста на податоците наведени во фактурата гарантираат и одговараат продавачот и купувачот. Фактурата може да биде напишана на компјутер, машина за пишување или рачно. Во случај на рачно напишана фактура, истата треба да е читлива и јасна за да се прифати како валиден документ.
3. Документ за превоз на стоката Документот за превоз го издава превозникот кој го врши превозот на стоката. Документот треба да ги содржи следните елементи: наслов "документ за превоз", датум и број, име и адреса на превозникот, име и адреса на продавачот од Македонија, име и адреса на продавачот или посредникот (агентот) во странство (доколку се користел агент), опис на стоката (според тарифно распоредување, комерцијално/трговско име и/или техничка шифра и име), единица мерка, количина, единечна цена и вкупна цена, нето и бруто тежина на стоките и вкупна нето и бруто тежина на превозното средство, потпис и печат на превозникот. Меѓународните документи за патен превоз може за бидат CMR или TIR дозволи или други дозволи од овластен шпедитер кои треба да ги содржат наведените елементи. Македонија е потписник на Конвенциите ТИР и АТА Карнет. При авионски и железнички превоз на стоките се поднесуваат авионски или железнички товарни листови, соодветно. Во текот на царинската постапка, стоката за извоз задолжително се пломбира од страна на надлежниот царински орган.
4. Товарен лист или манифест на стоката Товарниот лист или манифестот на стоката вообичаено ги придружува транспортните документи и содржи детален опис на стоките и нивната амбалажа. Кога се работи за извоз на еден вид на стока, тогаш нема потреба од товарен лист, туку е доволен описот на фактурата или на транспортниот документ.
5. Уверение за потекло на стоката Уверението за потекло на стоката не е задолжителен документ при извозот на стоки. Истото е потребно доколку со договорите кои Република Македонија ги склучила со други земји е предвидено при увозот во тие земји да се одобри преференцијален тарифен третман на стока со потекло од Република Македонија. Надлежен орган за издавање на уверенија за македонско потекло е Стопанската комора на Република Македонија(w.ww.mchamber.org.mk). Повеќе информации во однос на потеклото на стоките се дадени во соодветната секција на сајтот. 6. Ветеринарни или фитосанитарни уверенија Кога се извезуваат животни, стоки од животинско потекло и нивни преработки, како и семиња, растенија и поврзани производи, задолжително е стоките да имаат уверенија за ветеринарна или фитосанитарна исправност. Повеќе информации во однос на ветеринарните или фитосанитарните уверенија се дадени во соодветната секција на сајтот. |