Customs
Закони и подзаконски акти | |
Привремениот увоз во Република Македонија се спроведува согласно Царинскиот закон (чл. 99-104, 150-157), Службен весник на РМ 39/05; 04/08, 158/10 и 44/11, 53/11 и 11/12, Уредбата за спроведување на царинскиот закон (чл. 311-333) и Законот за ДДВ, како и АТА конвенцијата и Истанбулската конвенција за привремен увоз, чиј потписник е Република Македонија. | |
Предмет | |
Со примената на постапката за привремен увоз може да се дозволи целосно или делумно ослободување од плаќање на увозни давачки за определени видови стоки чие користење е строго наменски и временски ограничено. Привремено увезената стока мора да остане во непроменета состојба што значи дека се дозволени само поправки, одржување и ремонт наметнати од (или во функција на) нејзината употреба. Постапка По добивањето одобрение за привремен увоз, на стоките се применува царинската постапка како и при редовниот увоз на стоки. Покрај царинската декларација, задолжително се поднесуваат: фактура врз основа на која се декларира царинската вредност на стоката, фотокопија од одобрението за спроведување на постапката за привремен увоз (кога се поднесува со претходно издадено одобрение), транзитните документи и гаранција за обезбедување на царинскиот долг. Покрај редовната царинска постапка, во определени случаи се применуваат посебни постапки, детално објаснети во Уредба за привремен увоз. По завршувањето на царинската постапка, стоката добива статус на стока во привремен увоз и истата може да се користи согласно правилата во законски определениот рок. | |
Документи | |
Царински закон на Република Македонија (Сл. весник 39/05) Измени и дополнувања на Царинскиот закон (Сл. весник 04/08) Измени и дополнувањa на царинскиот закон (Сл. весник 158/10) Измени и дополнувањa на царинскиот закон (Сл. весник 44/11) Измени и дополнувањa на царинскиот закон (Сл. Весник 53/11) Измени и дополнувањa на царинскиот закон (Сл. Весник 11/12) | |
Одобрение | |
Дозвола за привремен увоз на стока издава Царинската управа на Република Македонија (www.customs.gov.mk) на /safenet-cefta/web/tradeportal/Macedonia/mk/About/барање на лице кое има намера да ја употребува стоката привремено или е организатор на употребата. Барањето може да биде писмено или усно, а начинот и формата на барањето се пропишани во Уредбата за привремен увоз. Притоа, услов за давање на дозвола на привремен увоз е истата да биде наменета за повторен извоз во неизменета состојба, да може да се врши надзор и следење на стоката додека е во постапка на привремен увоз и неопходните административни активности да не ја надминуваат економската корист од бараната постапка. | |
Системи/методи за пресметување на увозните давачки | |
Стоките во постапка на привремен увоз целосно или делумно се ослободени од плаќање на царински давачки. Во Уредбата за привремен увоз, детално е опишано кои стоки и под кои услови може да бидат целосно ослободени од увозните давачки. Заедничка карактеристика на сите стоки е што не смее да бидат со потекло од Република Македонија и мора да бидат наменети за повторен извоз. Што се однесува до делумното ослободување од плаќање на увозните давачки, истото се применува на стоки кои не ги исполнуваат условите за целосно ослободување. Износот на увозните давачки кој се плаќа за стока ставена во постапка на привремен увоз со делумно ослободување е 3% од износот на давачките кои би се наплатиле доколку истата стока би била пуштена во слободен промет на денот кога е ставена во постапка на привремен увоз. Притоа, давачките се пресметуваат за секој месец или дел од месецот во кој стоката е ставена во постапка на привремен увоз со делумно ослободување. | |
Период за извоз/повторен извоз на стоките | |
Стоката увезена на овој начин не може да биде подолго во постапка на привремен увоз од 24 месеци. Продолжувањето на овој рок е можно само со детално и оправдано барање од увозникот до надлежниот царински орган. Доколку привремениот увоз на стоката се врши со користење на АТА карнет, тогаш стоката може да биде во постапка на привремен увоз најмногу 12 месеци. | |
Контакт | |
МИНИСТЕРСТВО ЗА ФИНАНСИИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА – ЦАРИНСКА УПРАВА Лазар Личеноски 13 1000 Скопје Македонија тел.: +389 23 116 188 факс: +389 23 237 832 e-mail: info@customs.gov.mk web: www.carina.mk |