Customs

In this part of the CEFTA Web Portal you will find the most important customs import/export procedures separately for each CEFTA Economy. Procedures include but are not limited to: 1.The location of customs clearance offices; 2.The working hours in each office; 3.The procedures to follow based on the destination of your goods; 4.The documents to present to customs authorities for obtaining approval for the relevant destination; 5.The officially approved documents given to you by customs authorities in each case; 6.The procedures followed by customs authorities for calculating the customs value of your goods; 7.The definition of rules of origins determining customs preferential or non preferential tariffs; 8.The Free Trade Agreements signed by each CEFTA Economy with the other signatories. In cases where the final destination of goods is one of the CEFTA Economies, please refer to the import procedures section of this Economy on this portal. In cases where goods transit through different economies before arriving to their final destination, please refer to the transit procedures of these economies. If goods exit one of the CEFTA Economies included in this site, please refer to the export procedures for the relevant Economy.




Закони и подзаконски акти

Извозот за облагородување во Република Македонија се применува согласно <Царинскиот закон (чл. 97-104; 158-173), Службен весник на РМ 39/0504/08158/10 и 44/1153/11 и 11/12Уредбата за спроведување на царинскиот закон (чл. 311-333, 396-403) и Законот за ДДВ.

Предмет

Извозот за облагородување дозволува целосно или делумно ослободување од плаќање на увозни давачки и ДДВ за домашна стока која што повторно се увезува откако претходно била привремено извезена од царинското подрачје на Република Македонија за да се подложи на операции на облагородување.

Постапка

Извозот за облагородување ги вклучува следните операции:

- обработка на стока, вклучувајќи нејзина монтажа или составување или нејзино вградување во друга стока;
- преработка на стока;
- доработка на стока;
- поправка на стока, вклучувајќи нејзино враќање во првобитна состојба и оспособување;
- стока извезена за замена.

Постапката може да се употреби за сите видови стока.

По добивањето одобрение за извоз за облагородување, на стоките се применува царинската постапка како и при редовниот извоз на стоки. Покрај царинската декларација, задолжително се поднесуваат: фактура врз основа на која се декларира царинската вредност на стоката, фотокопија од одобрението за спроведување на постапката за извоз за облагородување и други пропратни документи (дозволи и сл.). Покрај редовната царинска постапка, во определени случаи се применуваат посебни постапки, детално објаснети во Уредба за извоз за облагородување. По завршувањето на царинската постапка, стоката се извезува.

При повторното увезување на стоката што била предмет на облагородување, се применува постапка на редовен увоз, а притоа е потребно да се приложат докази дека стоката била извезена заради постапка на облагородување. За соодветни документи се сметаат деловите од царинската декларација кои го потврдуваат извозот,  спецификација на вредноста според методот на додадена вредност или според методот на разлика помеѓу давачките, гарантен лист за стоката доколку се бара целосно или делумно ослободување од увозни давачки кога е извршена поправка или замена на стоката која е под гаранција, сервисен договор или продолжена гаранција и други придружни документи.

Период за извоз/повторен извоз на облагородените стоки

Рокот на важење на одобрението за извоз заради облагородување е различен од случај до случај и истиот го определува Царинската управа на Република Македонија.

Системи/методи за пресметување на увозните давачки

При извозот на стоки со намера за облагородување што вклучува обработка, преработка и доработка на стока, се применуваат два методи на пресметување на увозните давачки и ДДВ: метод на додадена вредност и метод на разлика во давачките. Според методот на додадена вредност, основа за наплаќање на увозните давачки и ДДВ претставува збирот на трошоците на процесот на облагородување во странство, транпортните и другите пропратни трошоци за реализирање на постапката за облагородување на стоката. При царинењето, се применува важечката царинска стапка за добиените производи што се увезуваат. Методот на додадена вредност не може да се употреби за стока која не е од домашно потекло, како и стока која пред извозот за облагородување била пуштена во слободен промет со царинска стапка нула.
Според методот на разлика помеѓу давачките, основа за наплаќање на увозните давачки и ДДВ претставува разликата помеѓу стапката на царина за добиените производи што се пуштаат во слободен промет по облагородување на стоката и стапката на царина кои на истиот ден би се платиле доколку се увезува стоката за облагородување (во непроменета состојба).

Во случаите на бесплатна поправка на стока за време на гаранциски рок, може да се бара целосно ослободување од царинските давачки, под услов стоката да може да се поправи и поправката да не се користи за подобрување на нејзините технички карактеристики. Доколку се врши поправка или замена на стока по изминат гаранциски рок, можно е делумно ослободување од царинските давачки. Методите на пресметување на увозните давачки и ДДВ подетално се опишани во Уредбата за извоз за облагородување.

Документи

Царински закон на Република Македонија (Сл. весник 39/05)
Измени и дополнувања на Царинскиот закон (Сл. весник 04/08)
Измени и дополнувањa на царинскиот закон (Сл. весник 158/10)
Измени и дополнувањa на царинскиот закон (Сл. весник 44/11)
Измени и дополнувањa на царинскиот закон (Сл. Весник 53/11)
Измени и дополнувањa на царинскиот закон (Сл. Весник 11/12)

Контакт

МИНИСТЕРСТВО ЗА ФИНАНСИИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
– ЦАРИНСКА УПРАВА
Лазар Личеноски 13
1000 Скопје
Македонија

тел.: +389 23 116 188
факс: +389 23 237 832
e-mail: info@customs.gov.mk
web: www.carina.mk