Customs

In this part of the CEFTA Web Portal you will find the most important customs import/export procedures separately for each CEFTA Economy. Procedures include but are not limited to: 1.The location of customs clearance offices; 2.The working hours in each office; 3.The procedures to follow based on the destination of your goods; 4.The documents to present to customs authorities for obtaining approval for the relevant destination; 5.The officially approved documents given to you by customs authorities in each case; 6.The procedures followed by customs authorities for calculating the customs value of your goods; 7.The definition of rules of origins determining customs preferential or non preferential tariffs; 8.The Free Trade Agreements signed by each CEFTA Economy with the other signatories. In cases where the final destination of goods is one of the CEFTA Economies, please refer to the import procedures section of this Economy on this portal. In cases where goods transit through different economies before arriving to their final destination, please refer to the transit procedures of these economies. If goods exit one of the CEFTA Economies included in this site, please refer to the export procedures for the relevant Economy.




Закони и подзаконски акти за царинско складирање

Царинското складирање во Република Македонија се врши согласно Царинскиот закон (чл. 110-127), Службен весник на РМ 39/0504/08158/10 и , 53/11 и 11/12Уредбата за спроведување на царинскиот закон (чл. 127, 184-191, 334-344) и Законот за ДДВ.

Што е предмет на царинското складирање?

Постапката на царинско складирање подразбира дека стоките што се увезуваат не се пуштаат во слободен промет по внесувањето во земјата, туку се чуваат во складишта се додека за нив не се платат увозните давачки, не се извезат или не се стават во друга царинска постапка. Исто така, веќе увезена стока која била ставена во друга царинска постапка со економски ефект (пр. увоз за облагородување, привремен увоз), после завршувањето на таа постапка може да се складира со намера повторно да се извезе.

Во постапка на царинско складирање може да се стават и домашни стоки под посебни услови, пропишани во Уредбата за царинско складирање. Постапката на царинско складирање се врши без плаќање на увозни давачки, ДДВ и акцизи, а стоката има третман на стока во царинско подрачје. Стоката може да остане во царинскиот склад неограничен временски период. Во посебни случаи, доколку природата на стоката го наложува тоа, царинскиот орган може да определи рок на складирање.

Каква е постапката за одобрение за царинско складирање?

Одобрение за отворање на царински склад издава Царинската управа на Република Македонија, освен кога царинскиот орган работи со царинскиот склад. Потребните услови за отворање на царински склад се пропишани во Царинскиот закон (чл. 110-127), Службен весник на РМ 39/05 и 04/08 и Уредбата за царинско складирање. Одобрението се издава само на правни лица регистрирани во Република Македонија.
Стоката се става во постапка на царинско складирање на писмено барање на увозникот или држателот на складот, непосредно по внесувањето во царинското подрачје (со завршување на транзитна постапка); по завршување на постапка на увоз за облагородување или преработка под царинска контрола во редовна постапка на складирање; по завршување на привремен увоз во редовна постапка на складирање; по завршување на постапка на примена на системот на враќање на увозни давачки за стока со намера повторно да се извезува. Постапката за царинско складирање се врши врз основа на царинската декларација во редовна постапка, а во определени случаи се применуваат посебни постапки, детално објаснети во Уредба за царинско складирање. Кон царинската декларација задолжително се поднесуваат: фактура врз основа на која се декларира царинската вредност на стоката, превозни документи или документи кои се однесуваат на претходна царинска постапка и доказ за исполнување на мерките на трговската политика кои важат при внесување на стоките во царинското подрачје. Во определени случаи се поднесува и декларација за царинската вредност на стоката. По завршувањето на царинската постапка, стоката се складира во определениот склад.

Видови на царински складови

Царинските складови може да бидат јавни и приватни. Во јавниот царински склад може да складира стока било кое лице, а во приватниот царински склад стоките се складираат од страна на држателот на складот кој воедно е негов корисник (депозитар), но не е неопходно и сопственик на стоката. Складирањето на стоката во јавните царински складови во Република Македонија се врши на име на сопственикот на стоката, а држателот на складот има обврска да обезбеди царински надзор врз складираната стока и исполнување на обврските што произлегуваат од постапката на царинско складирање.  Во приватните царински складови, декларацијата за ставање на стоката во постапка на царинско складирање мора да гласи на име на корисникот, односно држателот на складот. Складираната стока може да биде сопственост на држателот на складот, на странско лице или на лице со седиште во Република Македонија.

Должности на држателот на царинскиот склад

Држателот на царинскиот склад е должен да води евиденција за стоката ставена во постапка на царинско складирање и да обезбеди стоката да не се отстрани од царински надзор додека е во складот.

Документи

Измени и дополнувањa на царинскиот закон (Сл. весник 158/10)
Измени и дополнувањa на царинскиот закон (Сл. весник 44/11)
Измени и дополнувањa на царинскиот закон (Сл. Весник 53/11)
Измени и дополнувањa на царинскиот закон (Сл. Весник 11/12)

Контакт

МИНИСТЕРСТВО ЗА ФИНАНСИИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА – ЦАРИНСКА УПРАВА
Лазар Личеноски 13
1000 Скопје
Македонија

тел.: +389 23 116 188
факс: +389 23 237 832
e-mail: info@customs.gov.mk
web: www.carina.mk