Customs
Закони и подзаконски акти | |
Постапката на транзит во Република Македонија се применува согласно Царинскиот закон (чл. 105-109) Службен весник на РМ 39/05, 04/08, 158/10 и 44/11, 53/11 и 11/12, Уредбата за спроведување на царинскиот закон (чл. 219-310). | |
Hадворешен транзит | |
Постапка Транзитна постапка претставува царинска постапка со која царинскиот орган одобрува движење на стока од едно до друго место во рамките на царинското подрачје на Република Македонија. Предмет на транзит може да бидат странски стоки што до определената дестинација се транспортираат преку Македонија, како и домашна акцизна стока за која е спроведена извозна постапка и домашна стока која се извезува со ТИР Карнет. Транзитната постапка започнува со ставање на стоката на увид и поднесување на транзитна декларација од страна на главниот обврзник (декларант) или од страна на директен застапник (кој презема дејствиjа во име и за сметка на главниот обврзник) кај царинскиот орган, во писмена форма. Главниот обврзник (декларант) во транзитната постапка не мора да биде регистриран во Република Македонија. Одговорноста на главниот обврзник вклучува и обезбедување на гаранција со која ќе се покрие евентуалниот царински долг и другите давачки кои може да настанат во врска со стоката, како и ставање на стоката во непроменета состојба кај одредишниот царински орган во пропишаниот рок. Транзитната декларација може да опфаќа само стока натоварена на едно транспортно средство. Доколку во истото превозно средство се превезуваат стоки опфатени со повеќе декларации, се прави спецификација за сите поднесени декларации за стока во едно превозно средство. Стоката што се става во транзитна постапка, мора да биде пломбирана и да се превезе до одредишниот царински орган по економски оправдан пат пропишан од страна на појдовниот царински орган. Рокот на траење на транзитната постапка се определува од страна на појдовниот царински орган. Транзитната постапка завршува и обврските на носителот на постапката се исполнуваат со ставање на увид на стоката и потребната документација кај одредишниот царински орган. Транзитната постапка завршува со издавање на заверен извештај од страна на надлежниот царински орган. Стоката треба да биде во непроменета состојба за да може да се раздолжи при постапката на транзит и да се стави во друга царинска постапка (пр. извоз). Во спротивно се применуваат други постапки, опишани во прирачникот за транзит на Царинската управа на Република Македонија. | |
Документи | |
Измени и дополнувањa на царинскиот закон (Сл. весник 158/10) | |
Системи за движење на стоките | |
Движењето на стоката се врши со транзитна декларација во следните форми: • Единствен царински документ (ЕЦД) Наведените документи и постапките поврзани со нив подетално се опишани во Прирачникот за транзит на Царинската управа на Република Македонија. | |
Посебни услови при транзитот | |
По завршувањето на постапката на транзит, се утврдува дали настанал царински долг. Царински долг во транзитна постапка настанува кога стоката бесправно ќе се отстрани од царински надзор, со неисполнување на некоја од обврските произлезени од употребата на транзитна постапка или непридржување кон еден од условите за ставање стока во транзитна постапка. Износот на увозните или извозните давачки (царински давачки и даноци) за стоката се утврдува врз основа на елементите за утврдување на давачките кои важат за таа стока во моментот на настанување на царинскиот долг, или во моментот кога царинскиот орган заклучил дека настанал царинскиот долг. Како должници се јавуваат лицата кои непосредно се поврзани со причината заради која настанал долгот. | |
Контакт | |
МИНИСТЕРСТВО ЗА ФИНАНСИИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА – ЦАРИНСКА УПРАВА Лазар Личеноски 13 1000 Скопје Македонија тел.: +389 23 116 188 факс: +389 23 237 832 e-mail: info@customs.gov.mk web: www.carina.mk |