Customs

In this part of the CEFTA Web Portal you will find the most important customs import/export procedures separately for each CEFTA Economy. Procedures include but are not limited to: 1.The location of customs clearance offices; 2.The working hours in each office; 3.The procedures to follow based on the destination of your goods; 4.The documents to present to customs authorities for obtaining approval for the relevant destination; 5.The officially approved documents given to you by customs authorities in each case; 6.The procedures followed by customs authorities for calculating the customs value of your goods; 7.The definition of rules of origins determining customs preferential or non preferential tariffs; 8.The Free Trade Agreements signed by each CEFTA Economy with the other signatories. In cases where the final destination of goods is one of the CEFTA Economies, please refer to the import procedures section of this Economy on this portal. In cases where goods transit through different economies before arriving to their final destination, please refer to the transit procedures of these economies. If goods exit one of the CEFTA Economies included in this site, please refer to the export procedures for the relevant Economy.




Закони и подзаконски акти

Постапката на преработка под царинска контрола во Република Македонија се применува согласно Царинскиот закон (чл. 143-149), Службен весник на РМ 39/0504/08158/10 и 44/1153/11 и 11/12Уредбата за спроведување на царинскиот закон (чл. 311-333, 363-364).

Предмет

Со постапката на преработка под царинска контрола се овозможува употреба на странска стока во царинското подрачје, во операции со кои се менува нејзиниот вид или состојба, без да подлежи на плаќање на увозни давачки или мерки на трговската политика. Производите коишто се резултат на такви операции се пуштаат во слободен промет со увозни давачки кои одговараат за тие производи. Таквите производи се нарекуваат преработени производи.

Постапка

По добивањето на одобрение за преработка под царинска контрола, на стоките се применува царинската постапка како и при редовниот увоз на стоки. Покрај царинската декларација се поднесуваат: фактура врз основа на која се декларира царинската вредност на стоката, фотокопија од одобрението за преработка под царинска контрола, транзитните и други пропратни докоменти. Покрај редовната царинска постапка, во определени случаи се применуваат посебни постапки, детално објаснети во Уредбата за спроведување на законот за царина (чл. 311-333, 363-364). По завршувањето на царинската постапка, стоката може да се преработува под царински надзор согласно правилата и во рокот определен од царинскиот орган.

Одобрение

Одобрение за преработка под царинска контрола издава Царинската Управа на Република Македонија на писмено барање на лице кое ја извршува преработката или на лицето кое го организира нејзиното извршување. Одобрението се дава доколку се исполнети следните услови:

a)лицето да е регистрирано во Република Македонија
b)кога увозната стока може да се препознае во преработените производи;
c)кога стоката не може по преработката економично да се врати во нејзиниот првобитен вид или состојба која ја имала пред да се стави во постапката;
d)кога употребата на постапката не може да доведе до злоупотреба на прописите за потекло на стока и количинските ограничувања кои се применуваат за увезената стока и
e)кога се исполнети условите потребни за постапката да може да го помогне создавањето или одржувањето на одредена преработувачка дејност во Република Македонија, без да се загрозат суштинските интереси на домашните производители на слична стока (економски услови).

Завршување на постапката на преработка под царинска контрола

Постапката на преработка под царинска контрола може да заврши на следниот начин:

•Декларирање на стока за слободен промет на домашниот пазар (се плаќаат увозни давачки кои важат при редовен увоз на добиените производи со преработка на стоката);
•Пренесување на стоката на друг имател на одобрение за постапка на преработка под царинска контрола во Република Македонија;
•Извоз/повторен извоз на стоката од Република Македонија;
•Уништување под царински надзор;
•Ставање на стоката во друга царински дозволена постапка како царинско складирање, увоз за облагородување, привремен увоз и користење во слободна зона.

Наведените начини за завршување на преработка под царинска контрола треба да се иницираат во текот или непосредно пред истекот на определениот рок во одобрението.

При постапката на преработка при царинска контрола може да настане царински долг доколку стоката остане во непроменета состојба или доколку преработката не го достигнала степенот предвиден во одобрението. Износот на тој долг се утврдува врз основа на елементите за утврдување на увозни давачки кои важат за увозната стока во моментот на прифаќање на царинската декларација за ставање на стоката во постапка на преработка под царинска контрола.

Документи

Измени и дополнувањa на царинскиот закон (Сл. весник 158/10)
Измени и дополнувањa на царинскиот закон (Сл. весник 44/11)
Измени и дополнувањa на царинскиот закон (Сл. Весник 53/11)
Измени и дополнувањa на царинскиот закон (Сл. Весник 11/12)
Уредба за спроведување на царинскиот закон

Контакт

МИНИСТЕРСТВО ЗА ФИНАНСИИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
– ЦАРИНСКА УПРАВА
Лазар Личеноски 13
1000 Скопје
Македонија

тел. +389 23 116 188
факс: +389 23 237 832
e-mail: info@customs.gov.mk
web: www.carina.mk