Customs
Што претставува царинското вреднување? | |
Царинската вредност на увезената стока е трансакциската вредност, односно вистински платената цена или цената која треба да се плати за стоката увезена во царинското подрачје на Република Македонија. | |
Закони и подзаконски акти | |
Царинското вреднување е регулирано со Царинскиот закон (чл.27-45), Службен весник на РМ 39/05, 04/08, 158/10 и 44/11, 53/11 и 11/12, Уредбата за спроведување на царинскиот закон (чл. 61-93), Договорот за примена на член 7 од Општиот договор за царини и трговија ГАТТ 1994. | |
Пресметување на царинската основица | |
Одребите од Царинскиот закон предвидуваат различни методи за утврдување на царинската вредност, а тие методи мора да се утврдуваат со прецизно утврден редослед, согласно со Договорот за примена на член 7 од Општиот договор за царини и трговија ГАТТ 1994. Поедноставено, овој редослед е како што следува: 1. Метода на трансакциска вредност 2. Метода на трансакциска вредност на идентична стока 3. Метода на трансакциска вредност на слична стока 4. Метода на дедуктивна вредност 5. Метода на пресметковна вредност 6. Метода на расположиви податоци Методите се детално опишани во подзаконскиот акт за царинска вредност. Исклучок од хиерахискиот редослед на примена на методите за утврдување на царинската вредност е можен само во случај на барање на декларантот за замена на методата на дедуктивна вредност со методата на пресметковна вредност. | |
Постапка | |
За да може да се спроведе постапката на царинско вреднување по било кој метод, потребно е декларантот да поднесе декларација на вредноста (ДВ). Оваа декларација се поднесува заедно со единствениот царински документ (ЕЦД), куповната фактура, товарниот лист и другите другите комерцијални документи. Во декларацијата за вредност се наведува дали покрај цената наведена во фактурата постојат и други плаќања кои се извршени или треба да бидат извршени; типот на трансацијата, условите на плаќање валута во која се плаќа, трошоци за транспорт и осигурување, провизии, тантиеми и други поединости важни за утврдување на вредноста на стоката. Декларацијата ја пополнува увозникот или негов застапник, а услов е декларантот да има седиште во Република Македонија. Декларација за вредност не се пополнува доколку се работи за пратка со царинска вредност до 1000 евра, при увоз на некомерцијална стока и во други случаи пропишани во Законот за царинска тарифа. Покрај тоа, при постојан увоз на стока од ист продавач до ист купувач при исти услови, царинскиот орган може да отстапи од барањето да се обезбедува декларација на вредност со секоја царинска декларација, но истата ќе се бара при секоја промена на наведените услови и најмалку еднаш на три години. При постапката на царинско вреднување, царинскиот орган може да побара дополнителни податоци и информации за утврдување на царинската вредност. По завршувањето на постапката, се составува записник за утврдување на царинската вредност на стоката кој служи како основа за пресметување на увозните и другите давачки што треба да ги плати увозникот. Пресметувањето на давачките се врши според царинските стапки утврдени во Водичот за царинење на стоките. | |
Документи | |
Измени и дополнувањa на царинскиот закон (Сл. весник 158/10) Измени и дополнувањa на царинскиот закон (Сл. весник 44/11) Измени и дополнувањa на царинскиот закон (Сл. Весник 53/11) Измени и дополнувањa на царинскиот закон (Сл. Весник 11/12) Уредба за спроведување на царинскиот закон Подзаконски акт за царинска вредност на РМ Декларација на вредност Водич за царинење на стоките 2012 | |
Pелевантните институции | |
МИНИСТЕРСТВО ЗА ФИНАНСИИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА – ЦАРИНСКА УПРАВА Лазар Личеноски 13 1000 Скопје Македонија тел.: +389 23 116 188 факс: +389 23 237 832 e-mail: info@customs.gov.mk web: www.carina.mk |