Sanitary and Phytosanitary & Veterinary regulation

In this part of the CEFTA Web Portal you will find the most important sanitary, phytosanitary and veterinary control procedures to be followed for each CEFTA Economy. The information about the control procedures includes but is not limited to: 1.The location of sanitary, phytosanitary and/or veterinary control offices including working hours in each office; 2.A description of sanitary, phytosanitary and/or veterinary procedures; 3.The documents asked by the respective authorities in order to obtain approval for entering, transiting or exiting the territory of the respective CEFTA Economy; 4.The officially approved documents issued by the respective authorities; 5.A description of the official procedures for sampling. In cases where the final destination of goods is one of the CEFTA Economies included in this web portal, please refer to the sanitary, phytosanitary and/or veterinary import procedures of that Economy. In case your goods exit the territory of one of the CEFTA Economies included in this web portal, please refer to the sanitary, phytosanitary and/or veterinary export procedures relevant to that Economy.




Што е предмет на ветеринарната инспекција

Увозот на животни и производи, суровини и нуспроизводи од животинско потекло подлежи на ветеринарна контрола во Република Македонија. Агенцијата за храна и ветеринарство издаде детална листа на животни и производи што се предмет на ветеринарна контрола на граничните влезови во Република Македонија и Листа на прехранбени производи што не е предмет на ветеринарна контрола на граничните влезови (Службен весник на Република Македонија 30/2008), во согласност со Одлуката на Европската Комисија 2007/275/ЕС.

Закони и подзаконски акти

Стручните и административните работи во однос на ветеринарната инспекција се во надлежност на Агенцијата за храна и ветеринарство, согласно со следните закони:
Овие закони се достапни на веб страница на Агенцијата за храна и ветеринарство:
http://www.fva.gov.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=50&Itemid=48

Покрај нив, на сајтот на Агенцијата за храна и ветеринарство може да се најде
Листата на подзаконски акти релеватни за ветеринарната инспекција, на следниот линк:
http://www.fva.gov.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=54&Itemid=49

Каде се врши ветеринарната инспекција

Ветеринарната инспекција се врши на определени гранични премини во Република Македонија, од страна на овластени ветеринарни инспектори. Листата на граничните премини каде се врши ветеринарна инспекција е дадена од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Пред увоз


За производи од животинско потекло

1. Најмалку 24 часа пред пристигнувањето на пратката со производи од животинско потекло на граничниот премин, мора да биде доставено известување до овластениот ветеринар за тој премин за нејзиното пристигнување. Известувањето за пратките се врши со пополнување на првиот дел од ВВД (ветеринарниот влезен документ) од страна на увозникот или негов овластен претставник. Првиот дел од ВВД мора да биде доставен како барање преку EXIM, со цел да се добие дозволата N853.   
2. Сите пратки со производи од животинско потекло мора да ја имаат следната документација:
- Ветеринарно-здравствено уверение;
- Потврда дека стоките не го загрозуваат јавното здравје;
- Царински документи за извршен извоз – товарен лист и
- Дозвола за увоз/транзит.

За живи животни:
1. При постапката на увоз, секоја пратка со живи животни мора да има дозвола за увоз издадена од надлежен орган. Дозволата за увоз задолжително ги содржи следните информации:

- Земјата на потекло на пратката со живи животни;
- Испраќач на пратката со живи животни;
- Примач на пратката со живи животни или, ако е непознат, конечна дестинација;
- Број и раси на увезените живи животни;
- Граничен премин на кој стоките влегуваат во земјата;
- Место каде стоката ќе биде ставена во карантин.

2. Најмалку 24 часа пред пристигнувањето на пратката со производи од животинско потекло на граничниот премин, мора да биде доставено известување до овластениот ветеринар за тој премин за нејзиното пристигнување. Известувањето за пратките се врши со пополнување на првиот дел од ВВД (ветеринарниот влезен документ) од страна на увозникот или негов овластен претставник. Првиот дел од ВВД мора да биде доставен како барање преку EXIM, со цел да се добие дозволата N640.   
3. Сите пратки со живи животни мора да ја имаат следната документација:
- Ветеринарно-здравствено уверение;
- Дозвола за увоз/транзит
- Возен ред;
- Дозвола за начинот на превоз – изјава од превозникот;
- Царински документи за извршен извоз – товарен лист и
- Дозвола во согласност на CITES Конвенцијата и CITES уверение за узвоз на загрозени видови на диви животни.

На граница

За производи од животинско потекло:
Сите пратки со производи од животинско потекло се предмет на проверка на документацијата, независно од нивната конечна дестинација.

Откога проверката на документацијата ќе биде извршена и ќе покаже задоволителни резултати, се врши контрола и физичка проверка на производите кои се присутни на граничниот премин, заедно со соодветните оргинални документи. Сите пратки со производи од животинско потекло се предмет на физичка проверка, независно од нивната конечна дестинација.

Физичката проверка на производите од животинско потекло се состои од:

- Проверка на хигиенските услови во кои пратката на производи од животинско потекло била превезувана;
- Проверка на температурата на која пратката на производи од животинско потекло била превезувана, како и температурата на самите производи;
- Органолептичка проверка на производите од животинско потекло: мирис, боја, конзистентност и вкус;
- Едноставни физички или хемиски испитувања како сечење, топење и готвење;
- Лабораториски анализи во согласност со ветеринарно-здравствената регулатива во Република Македонија, како и лабораториски анализа кои се сметаат за неопходни;
- Лабораториски анализи за откривање на траги од ветеринарни дроги и загадувачи.

Во случај кога резултатите од извршените контроли и проверки се задоволителни, се дозволува увоз или транзит на пратките со производи од животинско потекло.
Во случај кога резултатите од извршените контроли и проверки не се задоволителни, овластениот ветеринар на граничниот премин може:

- Да го забрани увозот и да ја врати пратката;
- Да дозволи преработка и поинаква употреба на производите од животинско потекло отколку првично замислената;
- Во случаи на сериозен ризик по јавното здравје и здравјето на животните, овластениот ветеринар на граничниот премин треба да донесе одлука за уништување на пратката со производи од животинско потекло.

За живи животни:
Сите пратки со живи животни се предмет на проверка на документацијата, независно од нивната конечна дестинација. Контролата и проверката на документацијата се врши кога овластениот ветеринар на граничниот премин ќе ги има на увид сите оригинални документи.
Секоја пратка со живи животни мора да биде придружена со возен ред издаден од страна на превозникот и мора да биде интегрален дел од ветеринарно-здравственото уверение. Превозникот мора да биде регистриран и да има дозвола за превозното средство издадена од страна на надлежен орган во земјата каде се наоѓа седиштето на неговата фирма или мора да биде одобрен во согласност со законската регулатива на Република Македонија која се однесува на заштита на здравјето и благосостојбата на живите животни.

Откога проверката на документацијата ќе биде извршена и ќе покаже задоволителни резултати, се врши контрола и физичка проверка на живите животни кои треба да бидат присутни на граничниот премин, заедно со соодветните оргинални документи. Сите пратки со живи животни се предмет на физичка проверка, независно од нивната конечна дестинација.

Во случај кога резултатите од извршените контроли и проверки се задоволителни, се дозволува увоз или транзит на пратките со живи животни.
Во случај кога резултатите од извршените контроли и проверки не се задоволителни, овластениот ветеринар на граничниот премин може:

- Да го забрани увозот и да ја врати пратката со живи животни;
- Во случај кога враќањето на пратката со живи животни не е можно, посебно заради благосотојбата на животните, а притоа нема ризик по јавното здравје и здравјето на животните, овластениот ветеринар може да нареди колење на животните;
- Доколку инспекцијата пред колење покаже дека месото од живите животни не смее да биде наменето за консумирање од страна на луѓето, а воедно земајќи ги предвид административните и комерцијалните причини, месото може да употребено за други цели, освен за консумирање од страна на луѓето;
- Во случаи кога нема можност за примена на процедурите кои се пропишани со законската регулатива или во случаи на сериозен ризик по јавното здравје и здравјето на животните, овластениот ветеринар на граничниот премин мора да донесе одлука за убивање на животните со употреба на хумани методи и безбедно остранување на нивните трупови.

Посебни услови

Секоја пратка со живи животни мора да има дозвола за увоз издадена од надлежен орган.

По увозот, сите пратки со живи животни мора да одат во карантин кој е одобрен од страна на надлежниот ветеринар на соодветниот граничен премин.

Увозот на миленичиња се врши во согласност со Правилник во кој се пропишани методите и процедурите за транзит и увоз. Инспекција и проверка се врши на пратките со миленичиња кои не наменети за комерцијална продажба или за давање на други лица. Тие треба да бидат придружувани од страна на сопственикот и да имаат ветеринарно уверение и пасош, со согласност со Регулативите на ЕУ (ЕС 998/2003 и 92/65/EEC) за критериумите за здравјето на животните кое се применува при некомерцијално пренесување на миленичиња.

Увозот на личниот багаж се врши во согласност со Правилник методите за контрола и проверка на пратките од животинско потекло на граничните промени кои се декларираат како личен багаж на патниците, наменет за лична и некомерцијална употреба (Службен весник на Република Македонија 94/09; 139/09), кој е целосно хармонизиран со ЕУ регулативата 206/2009 за внесување на лични пратки од животинско потекло во Унијата и дополнителната регулатива 136/2004.

Документи

Закон за безбедност на храната
Закон за ветеринарно здравство
Закон за нуспроизводи од животинско потекло
Листа на подзаконски акти релеватни за санитарната и ветеринарната инспекција
Листа на гранични премини за ветеринарна инспекција

Потребните обрасци за ветеринарна инспекција може да се најдат на веб страницата на Агенцијата за храна и ветеринарство, на следниот линк:

http://www.fva.gov.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=72&Itemid=80

Контакт

Агенција за храна и ветеринарство
Трета македонска бригада бб, 1000 Скопје
тел.:  + 389 2 457893
факс: + 389 2 457895
Web site: www.fva.gov.mk
e-mail:   druntevski@fva.gov.mk
               adogani@fva.gov.mk