BCC/CCP police control

In this part of the CEFTA Trade Web Portal you will find the procedures that apply to foreigners entering the country in each CEFTA Economy. Border control procedures are divided into two parts: visa requirements and working permits. This trade portal only includes border procedures for citizens from CEFTA Economies. These include: 1.Border crossing procedures for citizens from other CEFTA Economies; 2.Visa regulations and fees for citizens from other CEFTA Economies; 3.Working permits for citizens from other CEFTA Economies; 4.Documents for obtaining working permits in the respective CEFTA Economy. If you would like to know more about border crossing procedures, please refer to the respective links under the section for border control for each Economy.




Закони и подзаконски акти

Престојот на странците во Република Македонија е регулиран со Законот за странциСлужбен весник на РМ 35/0666/07 ; 117/08 и 92/09 и, Закон за вработување и работа на странци (Службен весник 70/07;05/09  и 35/10.

Странец кој има намера да влезе, престојува или помине низ територијата на Република Македонија е обврзан да покаже валидни документи на граничната контрола, вклучително и виза доколку истата е потребна. Само врз основа на виза, странец не може да биде вработен на територијата на Република Македонија.

Визен режим

Листата на земји и важечките визни режими се наведени во документот Визен режим на Република Македонија. Исто така, веб сајтот на Министерството за надворешни работи на Република Македонија  нуди детални информации од оваа област.

Странец од некоја од овие земји кој има намера да остане подолго од 90 (деведесет) дена во земјата, потребно е да аплицира за дозвола за привремен престој. Жителите на земјите членки на ЕУ, Шенген државите и Србија може да влезат и престојуваат три месеци во период од шест месеци со важечка лична карта. Македонија и другите членки на ЦЕФТА 2006, со исклучок на Молдавија, меѓусебно применуваат безвизен режим.

Видови визи

Постојат четири видови на визи за влез во Република Македонија:

1.Виза А – транзит при патување со авион
2.Виза B – транзит (максимум дозволен престој од 5 дена)
3.Виза C – краток престој (престој до 3 месеци во период од 6 месеци)
4.Виза D – долг престој (еден влез за престој до 30 дена со цел вработување, образование, итн., што треба да биде проследен со дозвола за привремен престој)

Визите B, C и D се издаваат врз основа на апликација за виза поднесена исклучиво лично од странецот во дипломатското или конзуларно претставништво на Република Македонија. Странецот треба да ја поднесе апликацијата за виза во дипломатското или конзуларно претставништво на Република Македонија во неговата земја или земјата на престој. Само во исклучителни случаи предвидени со закон, за виза може да се аплицира на друг начин.

Водичот за визи и работни дозволи содржи  детални информации за потребните документи за различните типови на виза.

Документи

Закон за странци на Република Македонија

Закон за вработување и работа на странци

Закон за вработување и работа на странци – измени 1

Закон за вработување и работа на странци – измени 2

Визен режим на Република Македонија


Документи расположиви само на англиски јазик:
A Guideline for Visas and Working Permits

Контакт

Министерство за надворешни работи на Република Македонија
Даме Груев 6
1000 Скопје
тел: +389 23 115 266
факс: +389 23 115 790
e-mail:vizencentar@mfa.gov.mk
web: www.mfa.gov.mk