BCC/CCP police control
Закони и подзаконски акти | |
Работната дозвола е документ врз основа на кој домашен или странски работодавач склучува договор за вработување, работа или некој друг ангажман со странец во согласност со Законот за вработување и работа на странци, Службен весник на РМ 70/07; 05/09 и 35/10. | |
Квоти | |
Вработувањето на странци во Република Македонија се врши во согласност со квотите определени од страна на Министерството за труд и социјална политика/Агенција за вработување врз основа на состојбата на пазарот на труд. Само во исклучителни случаи, наведени во Прирачникот за визи и работни дозволи, дозволата за вработување може да биде издадена без оглед на условите на пазарот на трудот (за вработување на спортисти, уметници, научници, итн.). | |
Дозволи за работна | |
Постојат три видови на работни дозволи: - Лична работна дозвола - Дозвола за вработување - Работна дозвола Работните дозволи се издаваат за различни временски периоди во зависност од целта за која е издадена. На странец може да му биде издадена работна дозвола само од еден тип за определен временски период. Лична работна дозвола Секој странец кој има намера да основа приватна компанија самостојно или со друго лице, како и странец кој има намера да води самостоен бизнис или е самовработено лице, потребно е да обезбеди лична работна дозвола. Личната работна дозвола за издава во рок од 60 дена од доставувањето на комплетната документација. Личната работна дозвола важи 1 година. Дозвола за вработување Дозволата за вработување е дозвола која се издава за вработување на странец на неопределено време во земјата, кога работното место не може да биде пополнето на домашниот пазар на работна сила. Дозволата за вработување се издава во рамките на определената квота за вработување на странци. Дозволата за прво вработување се издава за период од 6 месеци со можност за нејзино продолжување до една година, без дополнителни процедури. Дозволата за вработување се издава во рок од 50 дена од доставувањето на комплетната документација. Работна дозвола Работната дозвола е вид на дозвола за работа која важи за определен временски период, врз основа на која странецот може да оствари привремено вработување во Република Македонија, согласно целта на дозволата. Работната дозвола може да биде за: 1. Работа на назначени странски работници 2. Обука и усовршување на странци 3. Сезонска работа на странци 4. Работа на странски претставници 5. Поединечни услуги од странци Во случај на несезонска работа, согласно Законот за вработување и работа на странци, Службен весник на РМ 70/07; 05/09 и 35/10, работната дозвола се издава за периодот наведен на барањето од страна на работодавачот, а периодот зависи од типот на работната дозвола. Дозволата за вработување се издава во рок од 45 дена од доставувањето на комплетната документација. | |
Издавање на дозволите за работа | |
Лична работна дозвола Процедурата за издавање на работна дозвола започнува после селекцијата на кандидатите, завршувањето на изборот и потпишувањето на договорот за работа. Врз основа на склучениот договор за работа, Агенцијата за вработување издава заверена копија од барањето за работна дозвола. | |
Документи | |
Закон за странци на Република Македонија Закон за вработување и работа на странци Закон за вработување и работа на странци – измени 1 Закон за вработување и работа на странци – измени 2 Визен режим на Република Македонија Документи расположиви само на англиски јазик: | |
Контакт | |
Министерство за надворешни работи на Република Македонија Даме Груев 6 1000 Скопје тел: +389 23 115 266 факс: +389 23 115 790 e-mail: vizencentar@mfa.gov.mk web: www.mfa.gov.mk Агенција за вработување на Република Македонија Васил Ѓорѓов 43 1000 Скопје тел: +389 23 111 850 факс: +389 23 111 856 e-mail: info@avrm.gov.mk web: www.avrm.gov.mk |